ФЕИТ: Работилница „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите“.

FEIT-logo.png

Факултетот за електротехника и информациски технологии ВЕ ПОКАНУВА на работилница „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите“.

Работилницата ќе се одржи на 11.04.2018 година (среда) со почеток во 11 часот во хотел Best Western Турист“ во Скопје.

Оваа работилница се одржува во рамки на проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици – PV-ESTIA“ од програмата „TNCP Balkan – Mediteraneen 2014-2020“, имплементиран од ФЕИТ (https://www.pv-estia.eu/).

Во рамки на овој проект, се планира на една од зградите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје да биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.

Агенда на работилницата

11 април 2018

Место: BEST WESTERN Хотел Турист, Скопје

 

11.00 – 11.30 Пристигнување на учесниците – Регистрација
11.30 – 11.45 Презентација на проектот

Проф. Марија Кацарска, Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, партнер во проектот

11.45 – 12.00 Пилот проектите кај партнерот во проектот UKIM-FEIT

М-р Владимир Ѓоргиевски, Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, партнер во проектот

12.00 – 12.15 PVT хибриден фотоволтаичен-термален колектор за добивање на електрична и топлинска енергија

Проф. Илија Насов, Камел солар, Скопје

12.15-14.00 Бариери и можности за интеграција на системи за складирање на енергија во згради со фотоволтаици во Македонија:

A. Технолошки (ограничувања на постојната технологија, мрежен капацитет и пристап, …)

B. Институционални

C. Финансиски (предвремени трошоци на системот, владина политика и реформи, …)

D. Пазарни

E. Законска регулатива (сопственост на системите за складирање на енергија, одговорности за ограничување и балансирање, nZEB, …)

F. Друго (дозволи, интерконекција и Net Metering, стимулации, …)

 

Модератори на сесијата: Проф. Властимир Гламочанин, PV-ESTIA клучен експерт; Проф. Наташа Марковска, МАНУ; М-р  Сашо Салтировски, ЕВН Скопје; Проф. Димитар Димитров, УКИМ ФЕИТ Скопје; Г-дин Љупчо Димов, Општина Карпош, Скопје.

П & О Дискусија  

14.00-15.00 Коктел

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top