photo-1533895328642-8035bacd565a-702x336.jpg

Фејсбук ќе биде казнет со пет милијарди долари бидејќи мрежата не успеала да ја заштити приватноста на милиони свои корисници. Како што објави весникот „The Wall Street Journal“, ова е одлуката по спроведената истрага од страна на американската Федерална трговска комисија (FTC) .

Истрагата за Фејсбук е спроведена лани откако беше откриено дека британската компанија „Cambridge Analytica“ која била ангажирана во кампањата на американските претседателски избори во 2016 година, имала достап до личните податоци на 87 милиони корисници на социјалната мрежа.

И од Комисијата и од Фејсбук не ги коментират наодите во весникот, но мрежата во својот редовен квартален финансиски извештај објави дека поради скандалот се очекува загуба од пет милијарди долари.

По ова, споменатата спогодба би требало да ја одобри американското Министерство за правда, кое генерално ги прифаќа одлуките на Федерална трговска комисија.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail