Фејбук прекина експеримент со вештачка интелигенција – Работите тргнале во погрешна насока

ZhwYhXbrHw-fejbuk-prekina-eksperiment-so-vestacka-inteligencija-zatoa-sto-rabotite-trgnale-vo-pogresna-nasoka.png

Од Фејсбук одлучиле да го прекинат експериментот со вештачка интелигенција кој што вклучувал два системи со вештачка интелигенција кои што меѓусебно разменувале податоци.

Имено, експериментот бил прекинат затоа што двата системи кои што работеле со вештачка интелигенција, започнале да комуницираат на јазик кој што само тие го разбирале, односно инжинерите кои што го надгледувале проектот, сфатиле дека тие повеќе не комуницираат на англиски јазик.

Бизарната комуникација се случила кога на двата ботови за комуникација, инжинерите на Фејсбук им поставиле задача меѓусебно да разменат предмети кои што имале одредена вредност. Ботовите набрзо започнале да комуницираат на сопствен јазик кој што никој не можел да го дешифрира.

Самиот разговор не се чинел како корисен, но јасно било дека имало некои правила во него. Начинот на кој што ботовите ги нагласувале своите имиња се чинел како дел од разговори, а не како некој дефект. Инжинерите сметаат дека можно е ботовите да смислиле своја верзија на комуникација со кратенки за поефикасно и побрзо да разговараат.

Разговорите меѓу ботовите биле слични на човечките разговори, глумеле дека се заинтересирани за одреден предмет, за подоцна да реагираат како навистина да се жртвуваат кога ќе се откажат од тој предмет.

Како што пренесува “Gizmodo”, информациите во медиумите дека „се создало чудовиште кое ќе го покори светот“ се претерани. Имено, инжинерите кога им дале команда на ботовите да разговараат меѓусебно, сфатиле дека направиле грешка што не ги насочиле меѓусебно да комуницираат преку разбирливи правила на англискиот јазик.

Во обидот да учат едни од други, роботите започнале да разменуваат неразбирливи фрази, а иако тоа можеби звучело морничаво, тоа не може да значи дека дошол крајот на светот на луѓето и пристигнала новата иднина која ќе биде контролирана од роботите и вештачката интелигенција.

Ова не е прв пат вештачката интелигенција да развие сопствен јазик. Тоа се случило и во лабораториите на Google чии што инжинери не го прекинале експериментот, туку дозволиле вештачката интелигенција да продолжи да го развива сопствениот јазик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail