auto_facebook-clear-history1551348307-681x381.png

Фејсбук соопшти дека го заострува пристапот до објави во живо со цел да го спречи ширењето на насилни видеа по нападите на џамии на 15 март во Нов Зеланд.

Директорот на Фејсбук за интегритет на социјалните медиуми, Гај Росен изјави дека нападите во Нов Зеланд ја навеле компанијата да испита како може да ги ограничи услугите за да не бидат користени за предизвикување штета или ширење омраза.

Според него, луѓето кои ги прекршиле правилата на користење ќе бидат ограничени во користењето на објави во живо. Росен посочи дека по едно прекршување на ограничувањата на корисниците ќе им биде забрането да ја користат услугата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail