Фејсбук и смартфоните се егзистенцијална закана за човештвото

fejsbuk-1.jpg

Компаниите за технологија се „егзистенцијална закана“, не само за поединците, туку за целото општество, тврди поранешен вработен во „Google“.

Компаниите како што е „Facebook“ ни ги „насочуваат“ мислите преку смартфоните, тврди Тристан Херис, кој има поминато три години во компанијата „Google“, работејќи како дизајнер до 2016 година.

Тој исто така верува дека целите на ваквите компании се значително поразлични од оние на човештвото.

„Тоа е многу повеќе од зависност. Јас би го нарекол егзистенцијална закана за целата човечка раса. Дневно ги проверуваме телефоните околу 150 пати, што значи дека на секои 40 секунди ја прекинуваме мислата за да видиме што се случува на социјалните мрежи. Тоа е деструктивно и ни ја нарушува продуктивноста“, вели Херис во интервјуто дадено за BBC.

Тој смета дека социјалните мрежи имаат за цел да влијаат на мислењето на целиот човечки род, насочувајќи ни ја мислата кон работи кои тие ги налагаат.

Според Херис, децата се најранливата категорија во овој случај, бидејќи најлесно е да им се влијае на нив, затоа што тие имаат целосен пристап до социјални мрежи, кои ги подучуваат да се однесуваат на одреден начин кој наводно „го практикуваат другите во општеството“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail