Фејсбук ќе ја лансира својата прва крипто-валутата во јануари

Fejsbuk-kje-ja-lansira-svojata-prva-kripto-valutata-vo-januari.jpg

Фејсбук ќе ја лансира својата прва крипто-валутата во јануари

Фејсбук ја лансира својата криптовалута „Либра“ најрано од јануари, пренесува Фајненшл тајмс повикувајќи се на три извори.

Асоцијацијата „Либра“ со седиште во Женева ќе лансира дигитална валута поддржана од американски долари. Но, валутата ќе биде пуштена во оптек во поограничена форма поради регулаторите и централните банки ширум светот, кои стравуваат дека тоа може да ја разниша финансиската стабилност и да ја наруши нивната моќ да печатат пари.

Фејсбук е еден од 27-те членови во оваа Асоцијација, бара дозвола од регулаторите во Швајцарија за лансирање на серија стабилни пари поддржани од традиционални валути.

Новиот план вклучува лансирање другив крипто-валути, исто така поддржани од традиционални валути, но со подоцнежен датум.

Stablecoins имаат за цел да спречат нестабилност на криптовалутите како што е биткоинот, што во теорија ги прави попогодни за плаќања и трансфери на пари.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail