fejzbuk-1.jpeg

Технолошките компании во изминатите неколку месеци покажуваат дека се заинтересирани за елиминирање на лошите навики на нивните корисници. Со тоа Фејсбук одлучи да воведе опција која ќе покажува колку време поминувате на оваа социјална мрежа.

Опцијата наречена “Your Time on Facebook” не е најнова во дигиталниот свет. Оперативните системи како Android P и iOS 12 веќе им нудат можност на корисниците да проверат колку време поминуваат на нивните паметни телефони.

Новата опција на Фејсбук ќе им прикажува на корисниците колку време поминуваат секој ден во прегледување, лајкнување и коментирање на објави. Оваа опција исто така ќе нуди можност за лимитирање на користењето на Фејсбук, што значи дека корисниците ќе можат да постават граница колку долго сакаат да бидат на Фејсбук, а социјалната мрежа ќе ги предупредува во случај на надминување на поставениот лимит.

Компанијата Фејсбук потврдила дека работи на развој на новата опција, но не и кога истата ќе им биде достапна на корисниците. Според неофицијални информации, Инстаграм исто така развива слична опција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail