fejsbuk.png

Најголемиот дел од американските корисници на Фејсбук остануваат лојални на оваа социјална мрежа и покрај големиот скандал.

Американците остануваат на Фејсбук, иако неодамна беше откриено дека најголемата социјална мрежа на светот ги користела приватните податоци на над 80 милиони корисници кои што биле проследени до „Кембриџ Аналитика“ и без нивна согласност биле користени за политички кампањи и реклами.

Анкетата на „Ројтерс“ и „Ипсос“ објавена во текот на вчерашниот ден, покажува дека после скандалот Фејсбук нема претрпено речиси никаква штета, освен главоболки поради односите со јавноста.

Половина од американските корисници на Фејсбук изјавиле дека оваа социјална мрежа ја користат како и претходно, додека една четвртина изјавиле дека сега дури и повеќе ја користат социјалната мрежа.

Меѓу возрасните, 64% од испитаниците одговориле дека Фејсбук го користат барем еднаш дневно, што е незначителен пад во однос на 68% од анкетата спроведена во април.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг на почетокот на овој месец изјави дека Фејсбук се подготвува за воведување на нова функција за контрола на приватноста која што ќе им овозможи на корисниците да ја избришат историјата на пребарување.

„Таа опција ќе овозможи да ги видите интернет страниците и апликациите кои што ни испраќаат информции кога ги користите и да ги избришете информациите од својот профил“, изјави првиот човек на Фејсбук.

Закерберг новата алатка која што Фејсбук ќе ја воведе за неколку месеци, ја споредува со опцијата за бришење на „колачињата“ од интернет прелистувачите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail