fejzbuk-1.jpeg

Околу 150 компании, меѓу кои и познати технолошки гиганти, веќе со години имаат привилегиран пристап до корисничките податоци на Фејсбук без нивно знаење и одобрување.

Според Њујорк тајмс, на проблемите на Фејсбук не се гледа крајот, затоа што постојано се појавуваат нови податоци за проток на информации.

Меѓу другото, беше откриено дека одредени компании имале пристап до листите на контакти и пораки кои корисниците приватно ги разменувале. Меѓу нив се Netflix и Spotify, чии претставници можеле да ги читаат нашите пораки, додека Amazon, Microsoft, Sony и други технолошки гиганти имале пристап до нашата листа на контакти, покажуваат интерните документи до кои дошле Њујорк Тајмс, како и интервјуато со поранешните вработени во Фејсбук и нивните корпоративни партнери.

Пребарувачот на Microsoft, “Bing” има пристап до имињата на речиси сите корисници на Фејсбук без нивна дозвола. Исто така, Royal Bank of Canada со Netfliks и Spotify, имаle пристап до сите пораки. Сите три компании негираа дека знаат до кој степен Фејсбук им обезбедил пристап до кориснички податоци.

Amazon добил дозвола за прибирање на имиња и контакт информации на пријатели на корисниците на Фејсбук, a “Yahoo” бил во можност да ги прегледа објавите на пријателите, и покрај тоа што Фејсбук тврдеа дека престанале со оваа практика пред неколку години.

Apple добил можност да ги прикријат сите идникатори, така што корисниците на Фејсбук не би можеле да знае дека нивните уреди бараат пристап до податоци, како и пристап до контакти и календарски записи, без оглед на тоа дали корисникот одобрил споделување на овие податоци или не. И “Apple” тврди дека не биле свесни дека имале посебен пристап и дека спорните податоци никогаш не биле повлечени од уредите на корисникот.

Апликациите на овие 150 компании, наводно, колективно барале податоци од милиони корисници на Фејсбук месечно. Некои со договори од овој тип датираат од 2010 година, и сите беа активни во текот на изминатата година, некои во текот и на оваа.

Фејсбук призна дека во некои случаеви ги оставил вклучени податоците за споделување, дури и по завршувањето на договорите. Обвинети се и дека делеле кориснички ИД карти на рускиот пребарувач Jandex. Од Jandex рекоа дека не биле свесни за можноста за пристап.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail