Фејсбук почна со реализација на планот: Се спојува со Инстаграм и Месинџер

Fejsbuk-pochna-so-realizacija-na-planot-Se-spojuva-so-Instagram-i-Mesindzer.jpg

Фејсбук почна со реализација на планот: Се спојува со Инстаграм и Месинџер

Пред повеќе од година „Фејсбук“ го најави својот план за спојување на своите платформи за допишување, за на корисниците да им овозможи меѓусебно допишување без оглед на тоа која апликација ја користат.

Планот предизвика негодување кај многу регулатори во светот бидејќи сметаат дека може да се загрози приватноста на корисникот, но и да му овозможи на „Фејсбук“ да создава уште подетални профили со чија помош би реализирал целно огласување.

Но, очигледно дека од „Фејсбук“ одлучиле да ги игнорираат потенцијалните истраги и казни и да го почнат процесот, па корисниците во САД почнале да добиваат известување при отворањето на апликацијата „Инстаграм“.

Постои нов начин за допишување на „Инстаграм“, пишува во известувањето кое ги повикува корисниците на ажурирање на апликациите, нудејќи цела низа можности. Така, посебно се истакнуваат новиот разнобоен изглед на четовите, реакциите со помош на емоџи, допишување на пријателите кои се на „Фејсбук“. Во известувањето стои дека и да не ја ажурирате апликацијата, може да почнете да добивате барања за допишување од профилот на „Фејсбук“.

Откако ќе се ажурира апликацијата, икончето за пораки на горниот десен агол на „Инстаграм“ е заменето со логото на „Фејсбук месинџер“. Четовите на „Инстаграм“ навистина имаат повеќе бои, но моментално не е возможно да се испраќаат пораки на фејсбук-корисници преку „Инстаграм“.

Но „Фејсбук“ веќе ги објави плановите за спојување на платформите на популарните апликации „Месинџер“, „Инстаграм“ и „Вацап“, така што сигурно ќе го реши и тој проблем.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail