Фејсбук призна: Го шпионираме „Messenger“, читаме и гледаме се што се праќа

fejzbuk.jpg

Во светлината на големата афера со неовластено користење на лични податоци,Фејсбук фрли уште една “бомба”.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Тие признаа дека ги проверуваат пораките што луѓето ги разменуваат преку Messenger, вклучувајќи го и текстот, слики и линкови, се под изговор дека сакаат да се осигураат дека луѓето играат според правилата.

Првите индикации на ова признание дојдоа од Марк Цукерберг, кој во едно интервју, коментираше дека тие навистина имале улога во кризата која изби минатата година, кога преку мрежата во Мијанмар се ширел говор на омраза против повеќе од половина милион бегалци кои избегаа во Бангладеш.

Тој рече дека Фејсбук ги детектира таквите пораки и кога луѓето се обидуваат да испратат сензационални пораки преку Messenger.

Потоа, други извршни директори на Фејсбук признаа дека ја анализираат содржината на разговорите на Messenger на ист начин како што ја разгледаа содржината на јавните натписи, со цел да се спречи злоупотребата.

– На пример, во Messenger, кога праќате слика, нашиот систем автоматски скенира за да провери дали не постои експлоатација на деца или кога праќате линк се проверува дали има вирус. Фејсбук ги дизајнираше овие автоматски алатки, така што во секој момент можеме да спречиме несоодветно и насилно онлајн однесување, тврдат од Фејсбук.

Многумина беа убедени дека овие разговори беа целосно приватни, но очигледно нема никаква врска со тоа. Фејсбук вели дека податоците што ги гледаат на овој начин не се продаваат за огласни компании, но прашањето е дали некој друг им верува.

Messenger порано беше дел од главната услуга на Фејсбук, пред да биде исклучен во посебна апликација во 2014 година. Другата голема апликација за разговор на Facebook, WhatsApp, ги шифрира двата краја на комуникациите на своите корисници, така што дури и WhatsApp не може да го види тоа, го направи посигурен за корисниците, а уште потешко за законодавците кои сакаат информации во истрагите. Messenger исто така има шифрирана опција, но корисниците мора да ја вклучат.

Во исто време, компанијата потврди дека им отстапиле на Кембриџ Anaytica лични податоци од 87 милиони корисници, иако се претпоставуваше дека оваа бројка изнесуваше “само” 50 милиони корисници.

Инаку, првично, кога веста за ова беше објавена на јавноста, Фејсбук тврдеше дека приватноста на околу 270.000 корисници на мрежата е загрозена

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top