Фејсбук со нова опција, еве за што станува збор

fejsbuk.jpg

Покрај вообичаениот „Лајк“ и другите реакции (Супер, Хаха итн.), Фејсбук сега има уште една опција – оценки на коментарите. Стрелките горе и долу по се изгледа се идеја преземена од друга социјална мрежа – Редит, каде оваа опција ја има веќе некое време.

Фејсбук претходно ја испробуваше таа опција на мал број корисници. Ова, се чини, е најблиску до она што некои одамна го „заговараат“: „Дислајк“ опцијата којашто би била спротивност на „Лајк“.

Разликата е во тоа што наместо реакциите под објавите и коментарите, стрелките засега ќе бидат достапни само кај коментарите, но не и кај текстуалните објави и фотографиите.

Фејсбук уште нема коментар за овие наводи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top