„Фејсбук“ со сензационален раст на профитот, мрежата стигна до бројка од 1,9 милијарди корисници

facebook.png

Facebook во последното тромесечје од 2016 година оствари приход од 8,8 милијарди долари, што е за 51% повеќе од 2015 година, благодарение на зголеменото рекламирање.

Според објавениот извештај, минатата година приходите на Facebook достигнале 27,6 милијарди долари, што е за 54% повеќе од 2015, притоа чистата добивка скокнала 177% на 10,2 милијарди.

Најмногу се зголемиле приходите од рекламирање на мобилни уреди, односно тоа изнесува 84% од вкупните приходи од рекламирањето.

Оние кои ги огласуваат рекламите ги насочија своите пари од телевизиските на веб и мобилните платформи, а Facebook е една од компаниите која има најмногу корист од тоа, иако е соочена со жестока конкуренција.

Најголемата глобална друштвена мрежа на крајот на 2016 година имала 1,86 милијарди активни месечни корисници низ светот, што е за 17% повеќе од 2015 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail