Фејсбук во Европа ќе отвори три нови центри за дигитално описменување на граѓаните

fejsbuk.jpg

Фејсбук најави дека во Европа ќе отвори три нови центри за дигитално описменување на граѓаните, а овој потег наиде на незадоволство во ЕУ, поради настојување технолошките гиганти да ги намалат своите даночни обврски.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Центрите ќе бидат отворени во Шпанија, Полска и Италија, а во компанијата Фејсбук најавуваат и 10 милиони евра инвестиција во Франција преку тамошниот центар за истражување вештачка интелигенција.

Фејсбук веќе отвори слични центри во Нигерија и Бразил.

– Луѓето се плашат дека дигиталната револуција ќе ги прегази, па затоа сакаме да вложиме во дигитално описменување за да им овозможиме стекнување дигитални вештини потребни за учество во дигиталната економија – изјави директорката на компанијата Фејсбук, Шерил Сандберг.

Центрите ќе нудат курсеви за дигитално и медиумско описменување и безбедност на Интернет групите со ограничен пристап до технологијата, вклучувајќи ја постарата популација, млади и бегалци.

Во компанијата Фејсбук планираат до 2020 година да обучат еден милион граѓани и сопственици на компании, преку класични курсеви за 100.000 мали и средни претпријатија, како и интернет курсеви за 250 илјади компании.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top