statua.jpg

Управата на американската социјална мрежа „Фејсбук“ соопшти дека по грешка му забранила на Музејот за уметност и историја во Женева да користи слики од статуи како дел од промотивната кампања за претстојна изложба.

Музејот во Женева вчера објави дека „Фејсбук“ им ја забранил објавата на фотографии од две статуи, речиси голата Венера и стауа од гол, клекнат маж. Музејот испратил протестна нота поради забраната, бидејќи и двете статуи се дел од изложбата.

Од „Фејсбук“ соопштија дека фотографиите поствени на социјалната мрежа се повторно видливи за корисниците и се извинија за настанатата грешка.

Музејот промовира изложба насловена како „Цезар и Рона“, која ќе биде отворена в петок

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail