ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – ЕКОНОМИСТ.

FIBERNET.jpg

Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е дел од мултинационалната групација на компании во регионот на Западен Балкан. ФИБЕРНЕТ ДОО е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – ЕКОНОМИСТ.

ЕКОНОМИСТ

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование во соодветната област
  • Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење)
  • Пожелно е но, не и задолжително претходно работно искуство на наведената позиција во областа на материјално и финансово работење
  • Познавање на англиски јазик во усна и пишана форма (за предност ќе се смета одлично познавање на деловен англиски јазик)
  • Пожелно е, но не и задолжително, поседување на возачка дозвола „Б“ категорија со искуство во сообраќај
  • Активно следење и познавање на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиското и материјалното работење
  • Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентерски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и индивидуална работа
  • Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки
  • Љубопитност за учење на нови технички компоненти и концепти

Одговорности и работни задачи:

  • Изготвување фактури за продадена роба и услуга, со вклучено водење книга на влезни и излезни фактури
  • Доставување фактури до книговодство
  • Изготвување договори за деловна соработка и работен однос
  • Контрола и водење на архива на фактури
  • Примање и изготвување на налози за уплата/исплата
  • Побарување на наплата од клиенти
  • Придонес при финансиско контролирање и анализирање на сите влезни трошоци по носител на трошок и место на трошок
  • Споредби, контроли, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
  • Придржување во целост на интерните политики и процедури
  • Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и задачи
  • Математичко и логичко резонирање во работниот процес, како и преговарачки и продажни способности со крајна цел ориентираност кон резултати
  • Пријавување на опрема за сервис во гарантен рок кон производителите
  • Прием на опрема за сервис во систем

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тимкој постојано расте, тогаш испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен до 22.07.2018 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top