makedonska-filharmonija-VL.jpg

Филхармонија на РСМ со радост најавува дека од денеска почна онлајн продажба на билети кои директно можат да се купат на веб-страницата www.filharmonija.mk.

Сите љубители на музиката, посетителите на настаните на Филхармонија, можат да купат билет преку веб-страницата на Филхармонија каде што и можат да се информираат и за условите и за начините на купување.

Новата концертна сезона на Филхармонија се отвора на 26. септември (четврток) во 20 часот со концерт на кој ќе биде изведена музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус.

На концертот насловен „Моќта на Заратустра“ како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Александар Мелников кој ќе се претстави со изведба на Бетовениот Концерт за пијано и оркестар број 1, едно од раните дела на композиторот во кое може да се почувствуваат никулци на музичката револуција која ќе ја иницираат неговите подоцнежни дела.

Со оркестарот ќе диригира Антони Вит, еден од највлијателните полски диригенти, добитник на наградата „Херберт вон Карајан“ во 1971 година.

Извор: макфакс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail