Претседателот на Филипините Родриго Дутерте призна дека лично убивал осомничени за злосторства – наркодилери, кога работел како градоначалник во градот Давао. Ова го пишува „TJournal“.
Во соопштение на филипинскиот лидер се посочува дека тоа билое направено во рамките на борбата против наркоманијата и трговијата со дрога. Дутерте ги повика граѓаните на земјата да ги убиваат нарко дилерите.
Претседателот го аргументира својот повик против дилерите, велејќи дека убивал осомничени, за да им покаже на полицајците дека тие самите можат тоа да го сторат.
Филипинскиот лидер истакна дека нема намера да го прекине походот против наркоманијата.