Филмот кој беше сниман во Македонија: „Позади хоризонтот” селектиран на San Sebastian Film Festival

PIC_le-milieu-de-l-horizon_2019_01_21_11-00_58-696x392.jpg

Филмот „Le Milieu De L’ Horizon” („Позади хоризонтот”) во режија на Delphine Lehericey кој во голем дел се снимаше во Македонија е селектиран во програмата New Directors на престижниот San Sebastian International Film Festival кој е од А-категорија, и еден од најважните филмски фестивали во светот. Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија во делот за поврат на финансиски средства.

Главните улоги во филмот ги толкуваат филмските ѕвезди Lаetitia Casta и Clémence Poésy, како и Luc Bruchez и Tibaut Evrard. Приказната нè носи во летото, 1976 година кога Европа минува низ немилосрден топлотен бран и една од најлошите суши во нејзината историја. На фармата на неговите родители, Гус (13) го поминува одморот читајќи стрипови, помагајќи му на неговиот татко кој целата своја заштеда ја вложил во модерна батерија, и трчајќи слободно со Мадо, дивото дете од селото. Но, неговиот смирувачки и познат универзум започнува да попушта под топлината… Неговата мајка, почнува да се оддалечува, поминувајќи сè повеќе и повеќе време со воодушевувачкиот Сесил, додека неговиот татко се наоѓа сам да се бори против пустошот на сушата. Сведочејќи за уништувањето на неговото семејство, традиционалното земјоделство и патријархатот, Гус мора брзо да порасне и брзо да ја остави зад себе невиноста од своето детство…

Филмот е во продукција на Box Productions од Швајцарија и Entre Chien et Loup од Белгија, додека македонска поддршка беше продукцијата Кино око.

извор: вечер

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail