Филолошки факултет организатор на научна конференција во Русија

ugd-filozofski.jpg

Во тек е Втората меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – филологија, култура и образование што се одржува од 10 до 12 маj на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет.

Конференцијата е во организација на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет во Воронеж, Русија, и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија.

Меѓународната научна конференцијата ФИЛКО, посветена на филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранди).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail