Филолошки факултет при УГД воспоставува соработка со Филозофски факултет во Ниш

8b07d68e197daf2ec649a33eed7b1e00_XL.jpg

Деканот на Филолошки факултет доц. д-р Драгана Кузмановска во работна посета на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш се сретна со голем број претставници од овој факултет и договори идна соработка во полето на наставата и науката. На средбите се разговараше за гостување и размена на професори, како и за заеднички проекти на двата факултета. Исто така, доц. д-р Драгана Кузмановска имаше средба и со директорката на Центарот за странски јазици со која беше договорена размена на професори на сите нивоа на катедрите на сите странски јазици во Ниш и во Штип.

Во исто време, проф. д-р Виолета Димова, раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, беше поканета од страна на управителката на Департманот за српска и компаративна книжевност да одржи предавање и работилница од областа на методиката на наставата на тема „Современата методологија и методичката наука во рамките на едукологијата“.

На предавањето и работилницата присуствуваа и активно учествуваа преку шеесет студенти на прв и на втор циклус студии, што го потврди интересот и потребата од понатамошна соработка и размена на искуства од сите области на книжевноста, јазикот и наставата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail