Филозофски филмски фестивал на УГД во Штип

2cc16393ec8cbc5ece3c02a1da1f0778_XL.jpg

Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ и Филозофското друштво на Македонија организираат Филозофски филмски фестивал во Штип. Фестивалот традиционално се одржува во Скопје, а годинава како поддржувач се јави и Универзитетот „Гоце Делчев“, па како резултат на таа соработка дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Штип. Распоредот за прикажување е следниот:

19 април (среда) со почеток од 19 часот (Мултимедијален центар на УГД)

  • РАСПАРЧЕН ИЗГЛЕД (Shattered Visage, 2017), реж. Марио Петковски (МК), 12 мин.
    Студентски филм изработен во рамките на 7. Филозофски филмски фестивал
  • СОФИЈА (Zsofika, 2014), реж. Maxime-ClaudeL’Écuyer (CA), 15 мин.
    Награда за најдобар краткометражен филм според жирито на ФФФ 2017
  • СЀ  ЗА ЛУЃЕТО (All About People. 2016),  реж. Giorgi Abashishvili (GE), 72 мин.
    Награда за најдобар долгометражен филм според жирито и публиката на ФФФ 2017

20 април (четврток) со почеток од 19 часот (свечена сала на Правен факултет – УГД)

  • ЗУЕЊЕТО НА БУМБАРОТ (The Buzzing of a Bumblebee, 2015), реж. Vladimir Beldian (RU),28 мин.
  • ПРОЛЕТНА ПОПЛАВА (Spring Flood, 2015), реж. Jeannice Adriaansens (BE), 27 мин.
    Награда за најдобар кракометражен филм според публиката на ФФФ 2017
  • ЛИМБО (Limbo, 2016), реж.KonstantinaKotzamani (GR), 29 мин.
    Специјално признание од жирито на ФФФ 2017

Влезот за сите проекции е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на проекциите. Детали за Филмскиот фестивал можат да се најдат на линкот: www.philosophicalfilmfestival.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail