Филозофскиот факултет: Регионален конгрес на студенти по социјална работа

kongres.jpg

Асоцијацијата на студенти по социјална работа од денеска до 14-ти овој месец го организираат Петтиот регионален конгрес на студенти по социјална работа, што ќе се одржи на Филозофскиот факултет.

На конгресот студентите од осум градови од регионот ќе презентираат трудови на три теми „Предизвиците со кои се соочува социјалниот работник во работа со маргинализираните заедници“, „Учество на младите во креирање на социјалните политики“ и „Социјалната работа во контекст на заштита на децата од злоупотреба“.

На  отварањето на конгресот ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р  Горан Ајдински, како и раководителот на Институтот за социјална работа и социјална политика, проф. д-р Јован Пејковски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail