ФИНКИ домаќин на G&P Хакатон за програмирање игри од Гете-институт Скопје

hackathon.jpg

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство- ФИНКИ организира 24-часовен хакатон за програмирање игри. Поканети да учествуваат се сите оние кои имаат свежи идеи, знаење и искуство во програмирање. Настанот ќе се одржи на 23 и 24 февруари 2018 г. во просториите на ФИНКИ.

На учесниците ќе им бидат обезбедени непрекинат интернет пристап, храна, пијалоци, простор за работа и услови за одмор. Оние кои ќе се пријават со себе треба да понесат само сопствен компјутер и добро расположение за дружба и забава. По продуктивните 24 часа, стручно жири ќе ги избере најиновативните идеи и нивната реализација. За најуспешниот тим или поединец, Гете-институт Скопје ќе ги обезбеди патните трошоци за учество на друг сличен хакатон во регионот.

Местата се ограничени, затоа побрзајте, пријавете се на следниот линк.

Повод за организирање на овој хакатон е прикажувањето на интерактивната изложба “Games and Politics“ (Игри и политика) создадена од Центарот за уметност и медиуми Карлсруе (Zentrum für Kunst und Medien) во соработка со Гете-институт. Интерактивната изложба Games und Politics ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив. Изложбата може да се погледне од 07.02.-25.02. во аулата на Технолошки факултет во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail