Фински мотоциклист се загубил во Чешка затоа што користел мапа од советско време

133646154.jpg

Фински мотоциклист се изгубил во Чешка користејќи карта што потекнувала уште од времето на Советскиот сојуз, јавија во четвртокот чешките локални медиуми.

Исплашениот 64-годишен фински мотоциклист помош побарал од полициските патроли во градот Тахова, во западниот дел на Чешка, јави весникот „Право“.

Првично полицајците се посомневале дека тој е под дејство на алкохол, па го тестирале и утврдиле дека испил само некоја чашка повеќе, наведува весникот.

На мотоциклистот му било наредено да ја напушти Чешка, а бил казнет со 749 долари и три години забрана за возење во оваа земја.

Финецот тврдел дека се напил малку алкохол само за да се смири, наведува весникот.

Чехословачка во 1993 година мирно се подели на Чешка и Словачка. Голем број улици, што имаат имиња според комунистичките лидери, се преименувани по падот на Советскиот Сојуз, во 1989 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail