wind-park.jpg

Компанијата Fintel Energija донесе одлука за стартување проекти за изградба на нови паркови на ветер, меѓу кои се наоѓа и проект за развој на најголемиот парк на ветер во Европа, кој ќе се гради на територијата на Србија. Генералниот директор на компанијата Fintel Energija, Тицијано Џованети, најави дека со овие проекти Србија ќе биде меѓу најбрзите земји кои ќе се вклучат во транзицијата од фосилни горива на чиста енергија.

„Компанијата Fintel Energija основаше наменска компанија за развој на нови проекти за изградба на електрани на ветар: Lipar (10 MW), Lipar 2 (10 MW) и Maestralе Ring (572 MW). Проектот Maestrale Ring ќе биде најглемиот парк на ветар на целиот европски континент“, истакна Џованети.

Тој нагласи дека новите проекти ќе бидат во 100% сопственост на Fintel Energija и дека ќе се наоѓаат во Војводина.

„Со овој чекор што го направивме компанијата ќе успее да ја зголеми вкупно инсталираната сила на електраните на ветер од 352 MW на 944 MW, со што Fintel Energija се позиционираше во самиот врв на европските компании за развој на проекти за изградба на електрани на ветер“, додаде Џованети.

Fintel Energija е еден од пионерите во производството на електрична енергија од обновливи извори на Баканот, каде што после цела една деценија претставува еден од најважните инвеститори во Србија.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail