FitKit – лансирана е македонската апликација со многу фит можности во Скопје

img-337963.png

Деновиве е лансирана првата македонска мобилна апликација која овозможува вежбање во најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје. Идејата на FitKit е да овозможи економично, флексибилно и забавно решение за вежбање и спортување

FitKit е мобилна апликација, достапна и за Android и за iOS која му овозможува на корисникот да вежба сè, каде и кога ќе посака, во најдобрите фитнес и спортски центри, лоцирани, засега само во Скопје.

Со плаќањето на месечна членарина, апликацијата доделува 16 термини за вежбање, а корисникот сам може да избере време, локација и студио, во зависност каде и што сака да вежба.

Теретана, јога, пилатес, кросфит, базен, фитнес на шипка… се само дел од достапните опции за вежбање, кои може да се практикуваат во повеќе различни локации, студија и сали низ Скопје, а секојдневно се додаваат нови активности, локации и термини.

Главната предност на FitKit е тоа што со уплата на единствена месечна членарина, може да вежбате кога, каде и што ќе посакате. Сега, немаш изговори да пропуштиш вежбање –  дека немаш време или дека лесно ти здосадуваат истите вежби. Симни ја за iOS тука и за Android – тука.

FitKit – 1 решение, многу фит можности!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail