Физичарите со план за изградба на три пати поголем хадронски судирач

lhc-atlas-detector-barrel_custom-a4ef49f37c0bfbcdeff2adf8d6ef1d2ef34cc420-s900-c85-640x417.jpg

Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider (LHC)), е најголемиот и најмоќниот акцелератор на честички на светот, но се чини не за долго.

Над 500 научници од целиот свет, мината недела во Берлин, Германија изложиле план за изградба на нов акцелератор што ќе го замени „LHC“.

„Future Circular Collider (FCC)“ (Идниот кружен судирач)- како што се нарекува ќе биде изграден во близина на неговиот претходник, на француско-швајцарската граница.

lhc new site

Додека големината на „LHC“ изнесува 27 километри, „FCC“ ќе се протега на 80-100 километри – што е три пати повеќе од неговиот претходник.

Се планира со вградување на двојно помоќни магнети да се постигне судир на честичките со снага која ќе достигне до 100 тера електон волти, што е приближно колку удар од 10 милиони молњи.

Оваа дополнителна енергија потенцијано ќе им овозможи на истражувачите да забележат досега неоткриени честички, дури и потешки од Хигсовиот бозон, што конечно ќе доведе до разрешување на мистериите во Универзумот, вклучувајќи ја и црната материја.

Истражувачите велат дека новиот систем исто така ќе помогне да се развијат материјали поотпорни на радијација кои се користат во нуклерните реактори и електричните мрежи.

Тимот од научници се надева дека предлог план ќе има до идната година, но веројатно ќе поминат 20 години пред „FCC“ да се стави во функција.

За Големиот хадронски судирач (LHC), биле потребни 30 години од неговото планирање до пуштање во употреба.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail