Флашираната вода е една од најголемите измами на векот

content-1494100261-5-640x480.jpg

Не постои подобро чувство од чиста и ледена хидратација. Некои од нас пијат вода од чешма, но остатокот плаќаат за неа, и тоа сите нив ги чини околу 100 билиони долари годишно. Барем во САД. Можеби мислите дека купувањето на флашираната вода е вредно, но во повеќето случаеви грешите.

За поголемиот дел од луѓето, чаша вода од чешма и чаша вода од шише навидум се идентични, но купуваат бидејќи се загрижени за своето здравје. Во некои случаеви, водата од чешма може да биде побезбедна бидејќи во денешно време таа вода е често тестирана.

Сепак постојат исклучоци, на пример луѓето кои имаат приватни бунари, не ги уживаат истите тестирани води за разлика од оние кои пијат вода од чешма.

Постојат многу причини да престанете да пиете флаширана вода. Еве неколку од нив:

1. Првата документирана продажба на флаширана вода била во Бостон во 1760 година, кога компанијата наречена Jackson’s Spa продавала и минерална вода за терапевтска корист. Компаниите Saratoga Springs и Albany набргу после тоа почнале да продаваат вода.

2. Луѓето низ целиот свет пијат 10% повеќе флаширана вода секоја година. Сепак во Америка процентот е значително поголем.

3. На 12,8 милијарди литри, или 39 литри по лице, луѓето денес пијат повеќе флаширана вода отколку млеко или пиво.

4. Но, истражувањата покажуваат дека флашираната вода не е подобра од онаа од чешма. Еден неодамнешен извештај покажа дека скоро половина од водата во шише, всушност потекнува од чешма.

5. Водата од чешма е обично повеќе пати тестирана за квалитет и загадувања од водата во шише. Агенцијата за заштита на животната средина е одговорна за вршење на таквите тестирања. Сепак, квалитетот на водата од чешма се разликува врз основа на местото каде живеете.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail