Флекситарианизам – нов тренд на исхрана

flexitarian.jpg

Флекситарианизмот изгледа како добра алтернатива за вегетаријанството и веганството.

Флекситарианизам ќе биде водечки тренд на исхрана во 2017 година, а подразбира да се јаде претежно, но не и исклучиво, вегетаријанска и веганска храна, т.е, помалку месо, а повеќе зеленчук.

Според американскиот ланец за здрава храна „Хол фудс“, флекситарианизмот изгледа како добра алтернатива за вегетаријанството и веганството.

На пример, човек флекситарианец може да јаде месо за викенд или после шест часот попладне, а начинот на исхрана го одредува како најмногу му одговара. Секако, овој начин на исхрана не е нов, но станува се попопуларен благодарение на луѓе како Ричард Бренсон, Ема Томпсон и Џејми Оливер, кои ја поддржуваат кампањата „Понеделник без месо“ започната од Пол, Мери и Стела Мекартни во 2009 година, бележи „Индепендент“.

Има доста истражувања кои покажале дека намален внес на месо во органзимот има бројни здравствени предности, вклучително и намален ризик од дијабетес, рак и срцеви болести, а флекситарианизмот дава можност за подобрување на здравјето без целосно одрекување од хамбургери и месни производи.

Се поголем број на луѓе сакаат да ја направат планетава подобро место за живот, а организации проценуваат дека токму сточарството може да е одговорно за дури 51 отсто од глобалната емисија на штетни гасови. Заради тоа за многумина идеално решение е флекситарианизмот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail