Фолксваген Атлас би можел да се продава и во Европа

timthumb.jpg

Иако е дизајниран за американскиот и кинескиот пазар, големиот SUV на Фолксваген под името Атлас може да се продава и во некои европски земји.

Фолксваген веќе најави дека својот Атлас со дизелски мотор ќе го продава во Русија од 2017 година, но сега еден од шефовите Елмар-Мариус Ликарз откри дека SUV може да се појави и во уште некои земји во Европа. Во интервјуто за магазинот Аутокар, Ликарз призна дека компанијата размислува на купувачите во Европа да го понуди Атлас со 2,0 литарски TDI мотор кој развива 190 КС.

Директорите на компанијата се загрижени дека Атлас може да биде преголем за типична европска гаража, па добро ќе размислат дали доаѓањето на големиoт SUV во Европа ќе биде паметен потег.

Ликарз верува дека постои пазар за големиот SUV во некои европски земји во кои свое место би нашол меѓу следната генерација на Туарег. Ако добие зелено светло, Атлас со европски спецификации ќе се произведува во истата фабрика во Чатануга во САД, каде постојат доволни капацитети за дополнително производство.

Атлас би можел да се најде и на Блискиот исток, а Ликарз верува дека SUV со седум седишта може да биде вистински хит.

Американската верзија на Атлас која се темели на MQB платформата во продажба ќе се најде на пролет, а свое место во понудата ќе најде над Тигуана со седум седишта. Тоа ќе биде најголем модел на Фолксваген во САД, а ќе се продава со 2,0 литарски мотор со турбополнач и 238 КС и 3,6 литатски атмосферски VR6 мотор споен со 8-степен автоматски менувач. 4-цилиндричната верзија ќе има погон на предните тркала, додека 6-цилиндричната верзија ќе биде достапна со 4Motion погон на сите четири тркала.

Детали за цената засега нема.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail