ФОН: Летна школа во Валенсија-Шпанија

image1.jpg

Универзитетот ФОН поддржан од Титаниум Капитал од САД а во соработка со Универзитетот во Валенсија, ја организира летната школа во Валенсија – Шпанија.

 

Темат на школата е:

FIGHTING CORRUPTION AND MODERNIZING PUBLIC ADMINISTRATION: STRENGTHENING ACCOUNTABILITY IN 21ST CENTURY DEMOCRACY

Експертски предавачи од Валенсија  ќе се фокусираат на имплементација на нови протоколи при добро владеење и јавна администрација, демократски практики и механизми за професионализација на македонското општество, користејќи ги европските искуства. Најдобрите студенти од оваа летна школа ќе бидат наградени со платена практична работа во САД во текот на летото, од страна на Титаниум капитал.

Школата ќе се одржи од 1 до 8 јули 2017 во Валенсија.

Целосната програма за школата и курсевите по кои се признаваат и ЕКТС може да ја превземете на овој линк: https://drive.google.com/open?id=0B5PgQvq0ZQTsVTRDeUpuQnhYZzQ

Цената во која е вклучено котизација за учество, хотелско сместување во Валенсија, пат, попатно спиење во Милано и храна за 8 дена изнесува 450 евра.

Сместувањето е во Residence hall in Valencia: Damia Bonet

Последниот рок за аплицирање е 30 мај 2017 година. Апликантите треба да го пополнат следниов формулар:

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail