FON-610x400.jpg

Работилници наменети за средношколци. Анализа на текст и пишување есеј (на англиски јазик)

Reading is the new insta story
Writing is the new tweeting

Во нашето секојдневие често се соочуваме со ситуации кои треба да ги протолкуваме преку пишаниот збор. Понатаму, ако сакаме успешно да запловиме во академските води, се бара токму вештината за читање и разбирање на даден текст, како и вештината на пишување.

На интерактивен начин ќе пронаоѓаме информации во текстот,  експлицитни, но и скриени податоци, за кои заеднички ќе ја откриваме поврзаноста на изнесените информации и настани, со цел подлабоко да го согледаме значењето на текстови со различни степени на сложеност и воедно да уживаме во читањето како медиум.
Истовремено, ќе ги истражуваме и изразните можности со цел создавање разбирлив, јасен, аргументиран и убедлив текст (есеј) со различни степени на формалност.

Работилниците ќе се одвиваат во периодот 20 март – 30 април, секој вторник од  11:00 до  13:00 часот во просториите на Универзитетот ФОН во Скопје.

Заинтересираните за оваа обука можат да се пријават на следниот email: sandra.serafimovska@fon.edu.mk.

Матурантите може да аплицираат за стипендии за студирање на следниов ЛИНК

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail