Фондацијата „Никола Јанчев“ додели 36 стипендии

fondacija.jpg

Фондацијата „Никола Јанчев“ која е основана оваа година на 14 ти февруари од страна на актуелниот Градоначалник на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денес ги доделува првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студенти.

По објавениот конкурс кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на 36 стипендии и на истите тие денес преку еден свечен чин им ги додели.

Оваа фондација е основана со почетен буџет од 10.000 евра. Директор на фондацијата е г-ѓа Јанинка Чупаркоска управител на Кожувчанка. Дополнително секој месец буџетот на фондацијата ќе се зголемува со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања. Ветеното сега е исполнето. Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.

Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застаува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко , секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top