Фондацијата „Трајче Мукаетов” го објави Конкурсот за стипендирање

fondacija-trajce-mukaetov.png

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2021 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-20/1 усвоена на ден 18.10.2021 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 20.10.2021 година до 08.11.2021 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2021 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-22/1 усвоена на ден 18.10.2021 година објавува

КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

• Молба
• Кратко CV
• Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.121000 Скопје
Документите се поднесуваат од 20.10.2021 година до 08.11.2021 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail