Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-12/1 усвоена на ден 01.10.2019 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
- Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
- Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
- Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Молба
- Кратко CV
- Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната
- 2019/2020 година
- Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 07.10.2019 година до 22.10.2019година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје
во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на
правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од
Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година
и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр.
02-14/1
усвоена на ден 01.10.2019 година
објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
- Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
- Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
- Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Молба
- Кратко CV
- Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2019/2020 година
- Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 07.10.2019 година до 22.10.2019 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.