Фондот за иновациии ќе ги награди деветте најдобри стартап компании

fond-za-inovacii.jpg

Денеска од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот

jasmina fond

Фондот за иновации и технолошки развој во претходните три години поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување. Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.

Нивните успеси треба да се наградат и промовираат како позитивен примерво секторот, и затоа на 25 јануари 2017 година од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.

Настанот ќе го отвори директорката на Фондот за
иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail