Ford најави дека во текот на следната година ќе започне со тестирање на самовозечки автомобили во Европа.
Главната цел на програмата е да се тестира и обезбеди целосна функционалност на самовозечкиот систем при премин од држава во држава, помеѓу кои сообраќајните знаци и сигнали за сообраќај може да се разликуваат.
Ford веќе тестира самовозечки автомобили во САД, а првиот комерцијален модел со самовозечка технологија ниво 4 (без волан и педали) се очекува во 2021 година, како дел од системот Car Sharing.