ФОТО: Бизнисмен од Париз се пресели во Сибир

sibir.jpg

Сергеј беше почитуван бизнисмен во Париз, а сега ги бие камбаните во црквата на остров во Бајкалското езеро.

Тој ги замени службените обврски со осаменост и посветеност кон религијата. Сергеј отворил географска карта и решил да оди таму каде ќе му запрат прстите. Така го  избрал Бајкалското Езеро во Сибир, најдлабокото езеро во светот (1637м) и најголемиот природен резервоар на свежа вода.

biznismen

Пред да го промени од корен животот, Сергеј бил многу ценет руски бизнисмен во Париз.

Пред 11 години со семејството се преселил на островот Олхон, најголемиот остров во езерото Бајкал.

Постојаното население на островот е околу 1.500 лица, поделени во 5 населени места. Според последните податоци од 2007 година, Хужир е најголемиот од нив со 1230 жители.

Сергеј се откажува од бурниот начин на живот во бучниот град, и се предава на мирниот живот во природа.

Тој шета туристи низ градот, а исто така работи и како психолог.

„Се обидуваме да им помогнеме на луѓето и на тој начин да  заработиме за живот“ – вели тој.

Сергеј и неговото семејство е пример за тоа како човек може да го промени својот живот радикално и да живее убаво надвор од урбаната средина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail