(ФОТО) Девојче од Босна исмеано бидејќи наместо за фустан за матура парите ги дала на деца болни од рак

devojka.jpg

Лејан, ученичка во основното училиште „Хамдија Крешевљаковиќ“ во Какањ, БИХ, одлучила наместо за купување на матурски фустан парите да ги даде на децата болни од рак, но нејзиниот гест не го доживеале сите во вистинско светло.

Лејан наместо во фустан на матурската отишла во фармерки и маичка со натпис „Парите ги давам на децата болни од рак, а на матура се може и без фустан“.

Иако со овој гест девојката покажала голема хуманост и чувство за други, за жал, останала без придружба за матурата, бидејќи, како што нејзиниот татко напишал на Фејсбук, мајката на придружникот ја нарекла „просјачки облечена девојка која на матура дошла без фустан“ и на својот син му забранила со неа да оди на матура.

„Како и секој родител чие дете е матурант, и дадовме пари да си купи свечена гардероба за матурската вечер. После два дена, Лејан изрази желба тие пари да ги даде на децата кои се лекуваат од рак, сметајќи дека ним им се попотребни отколку неа за свечена гардероба за една вечер. Секако, како родители, ја поддржавме, среќни сме и горди бидејќи видовме плод од нашето долгогодишно воспитување“ напишал таткото Ениз.

Длабоко го разочарало исмејувањето кое неговата ќерка го доживеала и се запрашал на што родителите ги учат нивните деца.

„Тука, според мене се битни, две димензии на постапката на моето дете. Прво хуманоста на едно чисто дете и неговата желба да се откаже од фустанот, за кој секоја тинејџерка сонува да ја облече на матура, и со тоа да им помогне на децата кои се борат за живот. Втората димензија е она што како родител ме преплаши. Што е со оние деца кои поради сиромаштија немаат можност да си купат фустан? Утре тие деца ќе бидат осудени на понижување.Поради немаштија нема да смеат да се појават на матурата и поради тоа ќе бидат предмет на нечие исмејување“, додал господинот Ениз.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail