ФОТО: Инфлуенсерка уапсена поради една фотографија

FOTO-Influenserka-uapsena-poradi-edna-fotografija.jpg

ФОТО: Инфлуенсерка уапсена поради една фотографија

Еми Рус е под истрага на полицијата која тврди дека поради нејзиното фотографирање на нивниот автомобил има вдлабнатина.

Оваа 21 годишна девојка која има над 160.000 следбеници на Инстаграм се сликала како позира на полициски автомобил, со опис дека токму поради таа фотографија била уапсена.

Иако таа не навела повеќе детали, полицијата во Хамбург на социјалните мрежи објави дека е приведена жена која позирана на полициски автомобил. Полицијата подоцна утврдила дека автомобилот е оштетен поради што е поднесена казнена пријава против младата девојка, а објавената фотографија за полицијата е доказ.

-Истрагата против неа е во тек и штетата ќе и биде наплатена. Да, нашите полициски автомобили може да бидат прилично секси. Добродојдени сте да се фотографирате. Но, внимавајте да не ги оштетите, седењето на нив дефинитивно е премногу, велат од полицијата.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail