ФОТО: Ја реновирал куќата и пронашол подземен град за 20.000 луѓе

antiohija21.jpg

Во 1963 година еден маж ја реновирал својата куќа во Кападокија, кога дошол до извонредно откритие.
За време на уривањето на ѕидот во својот подрум, мажот наишол на тајна соба која продолжила во подземен тунел кој водел до скриениот антички град наречен Деринкују, пишува „Daily Mail”.

antiohija1

Се смета дека градот настанал во време на Византиското царство, помеѓу 780 и 1180 година. Поради прилично широката мрежа, која се состои од неколку кујни, штали, цркви, училишта, гробови, бунари и соби за состаноци, археолозите претпоставуваат дека служел како засолниште од упадите на непријателската војска и природните непогоди.

antiohija3

И покрај тоа што денес само половина од градот е отворен за посетители, и понатаму останува една од најпопуларните туристички атракции во Кападокија.

antiohija5

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail