ФОТО: Кон крајот на својот брилијантен и тежок живот Никола Тесла живеел без скршен денар во мал апартман

nikola-tesla.jpg

Кон крајот на својот брилијантен и тежок живот, познатиот физичар, инеженер и иноватор Никола Тесла живеел без скршен денар во мал апартман во њујоршки хотел.

Тогаш веќе бил вегетаријанец, а јадел само леб, мед, и пиел само млеко и сок од зеленчук. Деновите ги поминувал меѓу животните што најмногу му значеле – гулабите, а ноќите – во работа на математички равенки и научни проблеми што му се вртеле низ главата.

На 7 јануари, на возраст од 86 години, Тесла починал сам во собата 3327 во хотелот „New Yorker“. Телото му било најдено подоцна од собарката Алис Монаган, која влегла во неговата соба игнорирајќи го знакот „Не вознемирувај“ кој Тесла го имал закачено на вратата два дена порано.

Докторот што го испитал телото заклучил дека причина за смртта е коронарна тромбоза. Пред да биде погребан, неговиот долгогодишен пријател Хуго Гернсбак повикал скулптор да му направи таканаречена „посмртна маска“ – скулптура од лицето на починатиот, која денес е изложена во Музејот Никола Тесла во Белград.

Сета сопственост на Тесла, заедно со неговите белешки и записи, биле однесени во архивско стовариште, каде биле прегледани од Џон Г. Трамп – професор на универзитетот M.I.T. и реномиран електричен инженер од истражувачкиот оддел на Министерството за одбрана.

По тридневна анализа, во извештајот Трамп заклучил дека: Мислите и трудовите на Тесла во најмалку последните 15 години биле главно од шпекулативен, филозофски и промотивен карактер, кои главно се однесувале на производство и безжичен трансфер на електрична енергија; Но не вклучувале некакви нови, издржани, функционални принципи или методи за реализирање на такви резултати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top