ФОТО: Македонија под снежна покривка – Утрово забелеа планините во Македонија

sneg2.jpg

Утрово повисоките места во Македонија се најдоа под снег, а снежна покривка имаше речиси на целиот Балкан.

Од УХМР јавуваат дека утрово на Маврово има снежна покривка од еден сантиметар.

Оттаму велат дека во наредните денови следува период на стабилно и суво време, со постепен пораст на дневната температура.

Снег има и на Попова Шапка, каде што од фотографиите што ги објавуваат граѓаните на социјалните мрежи изгледа дека снежната покривка е повисока од онаа на Маврово.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top