ФОТО: Место каде луѓето живеат без обувки, босоноги живеат и ја почитуваат традицијата

indija.jpg

Во земјата во која луѓето главно се движат босоноги во затворен простор, тоа го сметаат за гест на почит и хигиенски исправно, а селото на југот на Индија одлучи да ја подигне оваа пракса на повисоко ниво и да забрани носење на чевли.

Индијците велат дека секогаш се чувствуваат пријатно кога се босоноги. Од мали нозе ги воспитуваат дека во куќата не смеат да влезат со обувки, а доколку одите на посета кај пријатели или при молитва, мора да бидат босоноги.

Меѓутоа, во селото Андаман во јужниот дел на индиската држава Тамин Нада е забрането носење на обувки. Сите мештани од ова село се движат боси, освен оние кои се многу болни или стари. Глетката од децата кои трчаат боси на училиште, боси возат велосипед или од луѓе кои во рака си ги носат обувките се сосема нормални за овој дел во Индија. Како што пренесува новинар од BBC, мештаните од ова село обувките ги носат како чанти во случај да им затребаат поради недостапен терен.

“Ние сме четврта генерација на мештани кои живеат на овој начин”, појаснува за BBC, Карупиа Пандеј, 53 годишен сликар од Андаман.

Неговата сопруга, 40 годишната Пекиама, која работи на оризови полиња, вели дека воопшто не се двоуми за обувките, освен доколку оди некаде надвор од местото во кое живее.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail