Мистериозен кратер во Русија стар 250 години

krater1.jpg

Според едни Пантомскиот кратер е всушност таен влез, а според други та е нуспроизвод на мистериозни Неверојатното место наречено Пантомски кратер е откриено во далечната 1949 година кога геологот Владимир Капалков случајно наишол на оваа мистериозна појава во сибирската тајга со обем од 130 до 150 метри и висина од 50 до 80 метри.

Веднаш му било јасно дека пронашол нешто што не може да се сретне секој ден, а на необичната појава и го дал името Пантомски кратер, според реката која се наоѓа во неговата близна.

Првата вистинска експедиција која го истражувала овој мистериозен кратер се случила неколку децении по откривањето, а еден член на тимот дури починал од срцев удар веднаш кога му се приближил на кратерот.

Собраните работи покажале дека во тој реон се бележи слаба радиоактивност , а ураниум воопшто не можел да се забележи.

За кратерот кој е стар околу 250 години има неколку теории од што е настанат, според една кратерот е последица од пад на метеор и голема сибирска експлозија од 1908 година.

Но, од што навистина е настанат засега никој не знае , научниците и понатаму го истражуваат овој реон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail