Твитер корисникот @pmxpvrtmx (Poppy) успеал да фотографира чуден и истовремено прилично интересен феномен – облак кој е како совршена сфера.
Облакот лебдел над куќите над Фуџисава, град во префектурата Канагава во Јапонија.
„Кога погледнав од прозорецот од мојот автомобил здогледав чудна топка на небото, која многу брзо сфатив дека е облак“ – напишала таа.
Експертите велат дека станува збор за облак кој се формира од планински ветар, а е уште познат како аркус облак – тип на облак кој начесто се формира заради кружењето на студениот воздух.