ФОТО: Најмистериозниот остров во Европа

ostrov2.jpg

На овој остров годишно смеат да појдат само илјада посетители, така што постои листа за посети. Веќе и тоа е доволно за островот да биде уникатен, а она што го прави мистериозен е приказната според која пирати тука го сокриле своето богатство…

Средоземното море крие мал остров, идеален за криење на богатство, кое наводно се наоѓа таму. Сепак, тешко е да се поверува дека некогаш ќе можете да го ископате…

Имено, островот Монте Кристо, кој славен го направи големиот француски писател Александар Дима во својот роман „Грофот од Монте Кристо“ од 19 век, ја чува легендата за закопано богатство, кое таму го сокрил Црвенобрадиот лично.

Само илјада туристи годишно, или подобро речено среќници, имаат дозвола за посета на овој природен рај. Не треба да споменуваме дека постои и листа за чекање, така што ако се запишете сега, сметајте дека островот ќе го видите некаде во 2019 година.

Точната локација и содржина на скриеното богатство и понатаму се мистерија, а гласините за островот како место на кое се крие плен, започнале уште пред неколку стотици години, кога манастирот на островот почнал да стекнува големо богатство. Сепак, гледајќи денес тоа и не е чудно, бидејќи првата капела на островот била изградена уште во седмиот век, а подоцна за луксузот биле заслужни донациите на богатите семејства.

Сепак, некои веруваат дека Црвенобрадиот со своите грабежи во 16 век, сите украдени скапоцености ги сокрил токму тука.

Во секој случај, островот сигурно ќе биде место на легенда уште некое време, а ако ви се чита за богатството, прочитајте ги доживувањата на грофот од Монте Кристо во веќе споменатото ремек дело на светската литература.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail