ФОТО: Некогаш била црква а сега е вистински луксузен дом – погледнете како изгледа новото живеалиште вредно 16 милиони евра

FOTO-Nekogash-bila-crkva-a-sega-e-vistinski-luksuzen-dom-poglednete-kako-izgleda-novoto-zivealishte-vredno-16-milioni-evra.png

ФОТО: Некогаш била црква а сега е вистински луксузен дом – погледнете како изгледа новото живеалиште вредно 16 милиони евра

Оние кои имаат 15 милиони фунти и бараат може да се вселат во лондонската населба Фулам… Станува збор за црква којашто во меѓувреме е претворена во луксузен дом.

Надворешноста на црквата е обновена, а внатрешноста е променета и усогласена со современите стандарди. Сепак, останале некои оригинални детали, како што се прозорците и високите тавани. Сега е додаден и затворен базен, киносала, вежбалница…

Зданието има шест ката, четири големи спални соби со бањи, гардеробер, голема трпезарија, кујна и простории за појадок и прием. Имотот има и раскошна градина.

Црквата е изградена во 1841 година, а зад проектот стои архитектот Едвард Блор, познат и по Бакингемската палата. Цената засега изнесува 15 милиони фунти (малку над 16 милиони евра).

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail