(ФОТО) Охриѓанката Миланка Новеска – првенец на генерација на Академијата за музика во Букурешт

milanka-2.jpg

На свечена церемонија на апсолвентите во Академијата за музика во Букурешт – Романија,  охриѓанката Миланка Новеска, беше прогласена за за најдобар студент и првенец на генерација, при што и беше доделен медал од деканката на Академијата .

Новеска им се заблагодари на присутните и поединечно посебна благодарност им искажа на професорката д-р Бјанка Манолеану и на нејзината соученичка и другарка Дијана Хуржа за несебичната помош и поддршка.

Миланка е на крајот од последниот семестар на оваа  престижна Академија. Таа студира и работи. Ангажирана е како надворешен член во Комичната опера, а пее и во хорот на Романското национално радио. Моментално е ангачирана во операта ,,Волшебната флејта”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail